Реал Мадрид се наоѓа во резултатска криза откако во само една недела се чини ги загуби шансите за освојување на два шпански трофеи, еден во Ла Лига и еден во Купот на Кралот.

Најголемиот ривал, Барселона на два пати во четири дена им одржа фудбалска лекција и им покажа дека „Кралевите“ се далеку од посакуваната форма.

Заминувањето на Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан очигледно остави длабока празнина во тимот, а навивачите сметаат дека истата колку толку би можела да се пополни доколку на клупата седне Жозе Мурињо.

Португалецот во моментов е без тренерски ангажман по отказот од Манчестер Јунајтед и е слободен во потрагата по нов клуб.

Една група навивачи пред „Сантијаго Бернабеу“ скандираа дека посакуваат да го видат Жозе Мурињо повторно во Реал Мадрид.

2
loading...

Најчитани вести