Манчестер сити се пред исфрлање од Лигата на шампионите, тврдат британските медиуми, откако во саботата навечер германскиот магазин „Дер шпигел“ објави детали за наводната измама на англискиот шампион и избегнувањето на правилата за финансиски ферплеј (ФФП) на УЕФА.

Сити се под истрага на УЕФА, откако се објави дека тие користат директно финансирање од страна на „Абу Даби јунајтед групацијата“, инвестицискиот фонд на сопственикот Шеик Мансур за обезбедување на спонзорски договори.

Правилата на УЕФА велат дека сопственикот не може да вложува директни средства во клубот за да се спречи „инфлација“.

Сега, во новите пораки се тврди дека Сити ги „преправале“ документите за да не се гледа директната интервенција на Мансур.

Во една порака од 2010, директорот на клубот Сајмон Пирс пишува до еден од спонзорите на клубот, „Абар“ и јасно кажува:

„Годишната обврска на ’Абар’ е 3 милиони фунти, а преостанатите 12 милиони фунти ќе дојдат од неговото височество“.

Покрај ова, Сити се под истрага на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) околу сопственоста на фудбалерот Бруни Цукулини, кој во 2014 година потпишал договор со Сити и бил позајмен на Валенсија, а во исто време делумно бил во сопственост на компанија „МПИ“, нешто што е против сите правила на ФА и УЕФА.

Фото: ЕПА

6

Најчитани вести