Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото мнозинство, „Макфакс“ разговараше со професорката Гордана Силјановска-Давкова како претседателски кандидат зад кој застана ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска објаснува зошто одлучила да се кандидира преку ВМРО-ДПМНЕ, а не преку СДСМ, зборува за своите размислувања за шарената револуција, за притисоците со кои се соочува по кандидатурата, за нејзиното неодобрување на преспанскиот договор и Законот за употреба на јазиците, како и за промените што планира да ги направи доколку стане претседател на државата.

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, зад чија кандидатура за претседател на државата застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Макфакс одговара на прашања поврзани со  бројните реакциии во јавноста кои се движеа од говор на омраза и сексизам за нејзиниот изглед, до коментари од типот „како е можно вмровски кандидат да биде поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски“…

Вели дека децидно стои на ставот дека не е врзана за ниту една политичка партија и дека нејзиното време на партиски активизам е поминато.

„Партија бирам еднаш, повеќе не. Во 1994 година ја видов политиката однатре и сфатив дека тоа не е мојот живот“, вели професорката.

На прашањето што би направила различно доколку би била избрана за претседател, а јасно ги изразува и своите негодувања во однос на договорот од Преспа, Силјановска вели дека е легалист и дека е должна да го прифати договорот, но дека: „прашањето сè уште не е затворено“.

1
loading...

Најчитани вести