Во фаза на издавање е вториот цеде албум на најголемиот македонски инструменталист на кларинет, кавалче, гајда и зурла на сите времиња во светот и еден од најголемите композитори во светската музичка историја, музичкиот гениј Тале Огненовски.
CD албумот, под наслов "MOZART and OGNENOVSKI Clarinet Concertos", е веќе снимен од Димитар Димовски во неговото "Промузика Тра-ла-ла Студио" во Скопје, а ќе биде издаден под етикета на американската дискографска куќа "Independent Records, Inc." најдоцна до 15 декември годинава.
Министерството за култура издавањето на овој цеде албум го вклучи во Програмата на национален интерес во културата за оваа година( од областа на музичката дејност) и учествува во неговото финансирање со откупување на сто цеде албуми, секој по цена од 300 денари.
И други компании и поединци се заинтересирани да учествуваат во финансирање на овој проект со откупување сто или повеќе цеде албуми.
Да потсетиме- неговите инструментални изведби се преубави.
Трите концерти компонирани од Моцарт К.622: Allegro, Adagio, Rondo-Allegro аранжирани за два кларинети (во делот каде во стандардниот аранжман го изведуваат виолините) од Тале Огненовски со фасцинантната изведба на Огненовски, звучат прекрасно и тоа е најубавата и технички најбрзата изведба на овој концерт во светот. Првиот цеде албум на Тале Огненовски се дистрибуира преку угледната компанија "The Orchard" од Њујорк, САД, до најголемите дистрибутери на музика во светот меѓу кои и најголемата компанија за продажба на цеде албуми преку Интернет во светот Amazon.com (www.amazon.com) и најголемата компанија за дигитална продажба на цеде албуми ITunes (www.itunes.com)во светот. Во Македонија првиот цеде албум на Тале Огненовски се дистрибуира преку компаниите "Литиум Рекордс" и "Милениум Рекордс" по цена од 450 денари.
Тале Огненовски настапи како виртуозен солист на кларинет и кавалче со Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец" на американската телевизија "CBS Television Network" концертна сала во Америка- Карнеги хол (на 27 јануари 1956), точно на 200-годишнината од раѓањето на музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт, на француската телевизија (на 20 и 21 септември 1959, во 45 минутна емисија на Радио Париз, на швајцарската телевизија (јули 1959)...
Од брилијантните музички критики за неговото "рапаво и незаборавно кавалче" издвојуваме дел од онаа напишана за "Њујорк тајмс" од Џон Мартин на 28 јануари 1956:"...
Публиката што Карнеги Хол го наполни до врвот, радосно извикуваше и му аплаудираше на големиот ентузијазам на народни игри, како да беше сведок на изведба на класичен сценски балет во неговиот најсовршен раскош..."
Волтер Тери, 28 јануари 1956- "Њујорк трибјун" "...
Оваа група би била тешко да се победи". Р.Х. Хаган на осми март истата година преку "Сан Франциско хроникал" ги изрече најубавите критики за Огненовски. . .
На 11 октомври 2003 година во свечената сала во Собранието на Република Македонија, Тале Огненовски ја прими најголемата и најпрестижна награда во Република Македонија наградата "11 Октомври" за животно дело од областа на културата и уметноста.
Издавањето на овој цеде албум во чест на јубилејот 250-годишнината од раѓањето на музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт е значаен за афирмација на нашата култура во светот.
Интернет страницата на која можете повеќе да прочитате за генијот е www.taleognenovski.com.mk/mozartcd

Најчитани вести