Надзорната камера од зграда во рускиот град Краснојарск фатила морбиден момент кога лифтот почнал да пропаѓа. Во тој момент во лифтот имало три жени и дете. Во видеото се гледа како заробените лица неколку пати отскокнуваат додека лифтот пропаѓа надолу. 

Видеото е без звук, но од она што се гледа може само да се претпостави каква е атмосферата внатре. За среќа, стискајќи ги копчињата жените успеале да го запрат лифтот и да излезат од него безбедно.