Папата Франциск денеска бил вакциниран против коронавирус, на првиот ден од кампањата за вакцинација во Ватикан, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Вчера во медиумите протекоа информации дека Папата веќе е вакциниран.

Новинарите на аргентинскиот дневен весник „Нацио“ и на неделникот „Америка“, двајца пријатели на 84-годишниот Франциск, тврдат дека тој бил вакциниран во средата во Ватикан, пренесува „Агенција Франс Прес“.

извор: Makfax