Малолетно дете загина во сообраќајна несреќа, што се случила вчера доцна попладнето на ул.„Видое Смилевски-Бато“ во Тетово.

До несреќата дошло кога автомобил „фолксваген голф“, управуван од З.В.(30) од с.Фалише, тетовско, удрил во малолетен пешак од Тетово. По незгодата пешакот бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

извор: Makfax