Еден детски роденден во Австрија се претворил во вистинска комедија откако упаднала полицијата, заради дојава на соседите. Полицијата упаднала за да ја „растури корона забавата“. Полицијата во Хамелн добила повик во дека во една куќа се собрале повеќе луѓе за да слават детски роденден. Но по доаѓањето на лице место, полицијата нашла многу помалку луѓе од што им било пријавено.  

Кога тргналево обиколка на домот останале во шок. Имено, една мајка сосе своите пет деца била заклучена во тоалетот за да не ја фатат, а некои родители сосе деца ги извлекувале од плакари. На крајот кога сите ги собрале, биле изброени повеќе од 30 лица.

- Одделни родители се криеја во орманите со децата. Против 15 возрасни лица ќе биде поднесена пријава за кршење на корона мерките, соопштиле од полицијата.