Skip to main content
x

14 Jan 2021 - 9:05
sportmedia
Статија

Далас Маверикс го победи Шарлот на гости со 104:93 во фантастично издание на Лука Дончиќ.

Словенецот во игра мина 35. минути за кои постигна 34 поени, 13 скока, девет асистенции и четири блокади. Од игра имаше 14 од 25, додека за три поени погоди пет тројки од девет обиди. НБА-лигата на својот официјален „Твитер“ објави видео-запис од неговата партија, може да се видат неверојатните асистенции и тројки кои ги постигна на оваа средба.


За Дончиќ ова беше петти дабл-дабл во низа, и трет меч по ред кој го завршил со над 30 поени.

На останатитте средби, Милвоки беше подобар од Детроит со 110-101 во трипл-дабл на Јанис Адетокунбо, кој постигна 22 поени, десет скока и исто толку асистенции.

Лејкерси ја совладаа Оклахома со 128-99, прво име во редовите на актуелниот шампион беше Леброн Џејмс со 26 поени. Клиперс беа подобри од Њу Олреанс со 111-106.

Резултати: Шарлот – Далас 93-104, Детроит – Милвоки 101-110, Њујорк – Бруклин 109-116, Минесота – Мемфис 107-118, Оклахома – ЛА Клејкерс 99-128, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 111-106, Сакраменто – Портланд 126-132.

sportmedia.mk