Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 23:05
sportmedia
Статија

Еден од најдобрите светски голманки и поранешна репрезентативка на Соединетите Американски Држави Хоп Соло раскажа за почетоците во националниот тим. Соло која со САД освои две светски титули зборуваше колку била изненадена кога првпат влегла во репрезентацијата.

Тоа изгледаше на клуб на лоши девојки. Повеќето од тие девојки доаѓаа од богати фамилии на белци. Тоа беше привилегирана бела култура. Се сеќавам Карли Лојд и јас секогаш зборувавме дека оваа култура мора да ја смениме. Ние за среќа не бевме насилнички. Ние бевме љубезни кон новите во националниот тим“, вели Хоп која откри дека другите кон нив не се однесувале пристојно.

Кога влеговме не беа љубезни кон нас. Едноставно како да сакаа да ни кажат дека не припаѓаме овде. Па беше тешко да се развиваш како репрезентативец во таква околина. Сега е поинаку. Сега ова е сосема поинаква средина. Меѓутоа не секогаш тоа е добро затоа што таквата состојба нема да создаде цврсти стортистки“, додава голманката на Америка.

sportmedia.mk