Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 21:15
sportmedia
Статија

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Каиро, градот во кој ќе ги играме мечевите на Светското првенство.

Според протоколите, нашата експедиција веднаш по слетувањето на аеродромот замина на тестирање за Ковид-19, кое во моментов се уште трае. По завршување на оваа процедура, ракометарите веднаш ќе заминат во изолација во хотелските соби каде ќе останат додека не ги добијат резултатите.

Ова значи дека селекторот, Данило Брестовац и неговите момци ќе имаат кратко време за адатапција на новите климатски услови, но и кратко време за подготовка за утрешната средба против Шведска, прва на шампионатот.

sportmedia.mk