Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 20:45
sportmedia
Статија

Турција дојде до победа над Македонија со 3:1 во квалификациите за пласман на одбојкарското Европско првенство.

Техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев смета дека Турција го добила натпреварот благодарение само на добриот сервис.

„Турција е квалитетна селекција, но мислам дека разликата вечерва беше само во нивниот сервис. Во ниту еден друг сегмент, односно во секој друг елемент бевме рамноправни. Имаат физички подобри предиспозиции, но разликата беше само во сервисот“, изјави Ѓорѓиев.

sportmedia.mk