Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 19:45
sportmedia
Статија

Екипата на Наполи со 3:2 го совлада второлигашот Емполи и се пласираа во четвртфиналето на италијанскиот куп. Второлигашот му покажа заби на тимот од Неапол за кој до 70. минута играше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Ди Лоренцо го доведе Наполи во водство, но изедначи Недим Бајрами во 33 минута. Само пет минути подоцна Лозано одново носи предност за „сините“. Во второто полувреме Бајрами со својот втор гол го изедначи резултатот на „Сан Паоло“.

Во 77 минута Андреа Петања ја затресе мрежата за победа на Наполи со 3:2 и пласман понатаму.

sportmedia.mk