Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 19:35
sportmedia
Статија

Египет, очекувано со победа тргна на Светското првенство. Домаќинот на Мундијалот, предводен од Роберто Гарсија Парондо ја оправдаа фаворитската улога против Чиле, го совладаа со убедливи 35-29 (18-11) во првиот меч од групата Г. Следен противник на египетската селекција е токму Македонија, дуелот се игра на 16. јануари.

Избраниците на шпанскиот стратег поведоа со 5-2, најголемата предност ја имаа пред крајот на првиот дел 18-10. По одморот неколку пати имаа водство од плус девет (23-14, 26-15), доволно за прв триумф на шампионатот.

Македонија првата средба ја игра утре, за противник ја има селекцијата на Шведска.

sportmedia.mk