Власта на Заев не трпи критика и исмевање, ни медиумски, ни локално. Тоа е суштинската причина зошто полицијата денес со употреба на сила го растури Вевчанскиот карневал, традиција постара од 1.300 години, во која на духовит начин се критикувала секоја власт, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски  по денешните настани во Вевчани каде полицијата го спречи одржувањето на Вевчанскиот карневал.

- Карневалот во Вевчани е на отворено и под маски, исто како што на отворено играа госпоѓите од "Џерусалем-Прилеп-транс", но вториот настан не беше растурен од полицијата затоа што таму денсаше и градоначалникот на СДСМ заедно со директорките од партијата, во пофалба на власта, потенцира Милошоски.

Милошоски вели дека престапот на маскираните Вевчанци бил што и по 1.000 години се "дрзнале" да ја критикуваат власта која не поднесува критики. Затоа пендрек!

- Крсто, по замолница на министерот за внатрешни, бил маскиран во специјалец и помогнал колку што можел?!, пишува Милошоски на Фејсбук.

Од МВР се огласија за настаните велејќи дека сакале да спречат поголемо групирање затоа што на сила се мерките за спречување на пандемијата