Skip to main content
x

13 Jan 2021 - 15:45
sportmedia
Статија

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со напорите да ги има во своите редови најталентираните македонски кошаркари во моментов, поради што денеска беше потпишан две и пол годишен договор со Михаил Наумоски (17 год, 205 см), кој во Скопје доаѓа од белградска Црвена Звезда.

Станува збор за крилен кошаркар, кој без проблеми ги „покрива“ позициите три и четири и кој е досега има играно уште за Вардар и за турски Галатасарај. Михаил е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски, кој при крајот на кариерата одигра една полусезона и тоа пред точно десет години.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“, вели Наумоски јуниор.

Според договорот, талентираниот Михаил сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка.

sportmedia.mk