Веран од селото Дрен кај Обреновац домаќинките добро го знаат и тоа од пазар. Тој со години одгледува и продава тикви кои ги нуди со духовита реклама „Посладок од на комшијата“. Веран очигледно добро си ја знае робата, ама одлично ги совладал и маркетиншките алатки, па добро поминува кај муштериките. 

Вели, неговата тиква од сортата дулек е многу слатка, а за на домаќинките да им е полесно тој и ги сече и ренда. Вели, се за задоволни муштерии. Ако треба знае и многу рецепти, па и тука може да заврши работа.