Холивутскиот глумец Брус Вилис влегол во една продавница без заштитна маска, поради што врботените веднаш му рекле да ја напушти продавницата, пренесуваат странскитге медиуми.

Имено, како што се наведува, присутните во продавницата биле лути зошто глумецот не носел заштитна маса, иако околу вратот имал марама која лесно можел да ја искористи наместо маска, пишува “Page Six”.

Брус Вилис на крај ја напуштил продавницата, не купувајќи ништо.

Популарниот глумец повеќето од времето во тек на пандемија го поминал со бившата сопруга Деми Мур и нив ните деца. Подоцна им се приклучила сегашната жена на Вилс, Ема Хеминг и нивните ќерки.