Подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на неговиот фејсбук профил напиша дека е избран од страна на собранието за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции.

„Собранието на Република Македонија ме избра за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции и секогаш е предводено од најголемата опозициона партија. Во насока на искажување на јасната определба за членство во ЕУ и побрз почеток на преговори за членство, во исто време и за зачувување на македонските национални интереси, како и засебноста на македонскиот народ, јазик и култура, од денес почнувам серија средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, стои во неговиот пост.

Николоски додаде дека неговата прва средба како претседател на ова тело ќе биде со Амбасадорот на Полска и дека  деновиве ќе има доста интензивни активности во оваа насока.

Собранието на Република Македонија ме избра за Претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, тело кое ги...

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, January 12, 2021