Екипата на филмот „Јужни ветар“ реши да организира уште една хуманитарна акција и да му помогне на едно девојче да прооди. Во акцијата без дилема веднаш се вклучил Новак Ѓоковиќ, а брзо прсти замешала и манекенката Софија Милошевиќ, инаку свршеница на фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ.  

Инаку, откако Богдан Богдановиќ ја воодушеви Србија и победи на претходната лицитација за автмобил од истоимениот филм, ова е втора ваква акција во која се продаваат предмети од филмот, а парите одат во хуманитрани цели. Богдановиќ за 10 000 долари ја доби ладата која во филмот ја возеше таткото на Мараш, а кој го глумеше Богдан Диклиќ. 

Почетната цена во акцијата „Слечи му ја јанката на Мараш“ била 300 евра, а Ѓоковиќ дал понуда од 2000 евра. 

„Почнуваме со лицитацијата. Давам 2000 евра за јакната. Подобро ми стои мене отколку на Мараш“, напишал Ѓоковиќ. 

На ова брзо одреагирала Софија и му порачала: „Или на Лука?!“