Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • млака вода по потреба
  • 1 паричка

Начин на приготвување: Квасецот се раздробува и се меша со поголемо количество брашно. Се додава сол, а во средината на брашното постепено се додава млака вода и се замесува мазно тесто, без грутки. Кога ќе се потроши брашното, тестото се удира од ѕидовите на садот, а потоа се истура врз штица за мешање, се досипува преостанатото брашно и убаво се замесува. Кога тестото ќе стане сјајно и мазно, се обликува во форма на погача, внатре се става паричката, се става во набрашнето тавче и се остава да стои уште 15 минути. Потоа врз тестото се прават шари или со дел од тестото и се пече во убаво загреана рерна додека не добие златна кора. Печената погача се витка во крпа и се остава малку да се излади.

Според народните верувања за украсување на погачата се користи гранче од дрен подврзано со црвено конче, за да ве следи среќа во текот на целата година.