Пејачката Елена Петреска по две недели поминати во болница конечно е дома, а за нејзината борба со корона вирусот реши да проговори на Фејсбук, каде јавно се заблагодари за третманот што го добила во изминатите 14 дена на Инфективната клиника.

„Конечно дома по 14 дена на Инфективно поради Ковид. Благодарам на Бог што сѐ помина добро! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуванот во овие тешки времиња. Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целот ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре таму каде што е потребно...“, напиша Елена.

Konecno doma posle 14 denovi na infektivno zaradi kovid. Blagodaram na Bog sto se pomina dobro!🙏🙏🙏 Blagodarna sum sto...

Posted by Elena Petreska on Monday, January 11, 2021