Во ноември 2011 година, судијата на Апелациониот суд, Милимир Лукиќ, поднесе оставка од местото член на Високиот судски совет, посочувајќи на притисокот на тогашната извршна власт врз Врховниот судски совет.

Оттогаш, се чини дека само владата во Србија се смени. Во Извештајот за напредокот на Србија во 2020 година, Европската комисија изрази „сериозна загриженост“ за политичкото влијание врз судството, додека локалните власти не кријат дека одредени судии и обвинители не им се допаѓаат, „затоа што тие беа назначени од поранешната влада“.

Покрај тоа, многу често највисоките државни службеници јавно судат наместо судии и обвинуваат наместо обвинители.

Судијата Милимир Лукиќ, кој ги судеше убијците на Зоран Шинчиќ, членови на Земунскиот клан и Дарко Шариќ, зборува за НИН за овие и другите предизвици со кои се соочува судството и судиите во важни случаи што сè уште не се завршени - Мишковиќ, за убиството на новинарот Славко Ќурувија… има став дека судењето е работа на судовите, а не на политичарите.

“Не е судот безгрешен или недопирлива света крава, но неприфатливо е, а исто така е и забрането со закон, политичарите јавно да обвиниуваат и судат. Претседателот на Републиката може добро да ја искористи својата политичка моќ барајќи од властите, пред се од Владата на Србија оваа пракса да престане, и да се подобрат ресурсите на судството.“ вели судијата Милимир Лукиќ