Најважни минерали за јакнење на имунитетот се цинкот и селенот, а ние ви носиме рецепт за супа кој содржи изобилство од нив. Воедно оваа чорба е и одлична за детоксикација на организмот после празничните прејадувања.
Потребни состојки:
- 1/2 чаша кокосово масло
- 6 чешниња лук
- 1 лажичка сечкан ѓумбир
- 1 кромид, сечкан
- 1/2 чаша сечкани бадеми
- 2 лажици куркума во прав
- 2 лажици кари
- 2 црвени пиперки, грубо сечкани сосе семките
- 1 кг батат компир, излупен и исечкан
- 2 ловорови листа
- 6 чаши супа од зеленчук
- сол и бибер
Начин на приготвување: Во поголема шерпа ставете ги кокосовото масло, лукот, ѓумбирот, кромидот, бадемите, куркумата и карито. Се добро измешајте, па динстајте на умрен оган додека состојките не омекнат (околу 5 минути). Додадете ги пиперката, бататот, ловоровиот лист, а потоа сипете ја супата од зеленчук се да се покрие. Оставете да се крчка, намалете ја температурата и поклопете. Варете на тивок оган околу 30 минути, додека не омекне бататот. Извадете го ловоровиот лист од чорбата, а остатокот измиксајте го во блендер додека не добиете фина кремаста смеса. Вратете го ловоровиот луст и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.