После најаввата на министерот за здравство Венко Филипче дека доколку ситуацијата остане стабилна, ќе се дозволи угостителите да работат до 21 часот, од Независната угостителска комора побараа работното време да трае и после 21 часот и тоа уште од понеделник бидејќи, ако ситуацијата навистина е стабилна не гледаат причина зошто да не им се дозволи.

Логично е барањето на угостителите и ќе биде разгледано на некој од следните состаноци на Комисијата за заразни болести, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, што и да важи како ослободување на мерките, нема да биде пред 21 јануари.

-Ова скратување на времето дополнително, иницијално кога беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари, кога практично и завршуваат прославите, верските празници, и тогаш веќе по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Ние, ќе го разгледаме барањето дали би можело да се продолжи за уште два часа, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за гинекологија.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година. Нивната цел беше да се спречи ширењето на КОВИД и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Мерките треба да престанат да важат на 21 јануари 2021