Потребни состојки:

  • 500 г брашно
  • 300 г суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви, цреши, што сакате)
  • 100 г јаткасти плодови (бадеми и ореви)
  • 100 г кандирани цитруси
  • 300 г путер
  • 200 мл свежо млеко
  • 150 г шеќер во прав
  • 50 г мед
  • 50 мл бренди
  • 1 супена лажица мешавина од зачини (ѓумбир, кардамон, каранфилче и ванила)
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 прстофат сол

Начин на приготвување: Ситно исечкајте го сувото овошје и прелијте го со бренди, па оставете го да отстои неколку часа. Загрејте го млекото и додајте 1-2 супени лажици од брашното, медот и квасецот, па оставете го да се активира на топло. Просејте го останатото брашно. Додајте сол и зачини. Во средина направете вдлабнатина во која ќе го истурите млекото со квасецот. Исечете го путерот на коцки и ставете го околу вдлабнатината. Месете додека не добиете мазно тесто, постепено додавајте исечкани јаткасти плодови и суво овошје исцедено од течностите. Кога тестото ќе стане двојно поголемо, премесете го уште еднаш. Обликувајте го како штолен и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Оставете го да нарасне уште еден час, па печете го во претходно загреана рерна на 180 степени. Ако е потребно, покријте го штоленот со алуминиумска фолија за време на печењето за да не изгори. Премачкајте го готовиот штолен со стопен путер додека е уште топол и наросете го со шеќер во прав.