Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година.

Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство и притоа ги информираше за потребните документи кои треба да ги приложат, за да добијат финансиска поддршка.

„Во рамки на можностите и врз основа на доставената документација, локалната самоуправа ќе обезбеди финансиски средства за надоместување на штетата.Општина Карпош продолжува да помага на граѓаните и семејства кои се погодени од природни или друг тип на непогоди“, се вели во соопштението.

извор: Makfax