Модрите патлиџани се многу популарен зеленчук, кој многу се користи низ Медитеранот и постојат, буквално, стотици рецепти за со нив да направите нешто вкусно. Овде ги полниме со наут
Состојки:
- 2 дебели модри модри патлиџани
- 350 грама наут (сварен еднаш)
- 1 конзерва сечкани домати
- 1 голема главичка кромид
- 1 супена лажица ким
- Сечкан магдонос
- Сол и црн пипер
- Маслиново масло
По избор додајте и ситно сецкани домати кои даваат дополнително киселест и познат вкус
Подготовка
За почеток ќе почнеме да ги длабиме модрите патлиџани. Засечете линија на лушпите од надворешната страна на патлиџаните. И потоа расечете ја внатрешноста…
Внимателно вадете парчиња одвнатре. Овде не сакаме да ја пробиеме кората, а сакаме да направиме убава шуплина за филот. Немојте да го фрлате месестиот дел затоа што подоцна ќе го
искористиме за полнењето!
Лушпите зачинете ги со сол, црн пипер и маслиново масло и ставете ги во рерна на 150
степени да се печат 20 минути.
Исецкајте го месестиот дел од патлиџаните на мали парченца.
Следно - исецкајте го кромидот. Овде можете да ставите бел или црвен кромид. Па дури и
млад кромид.
На крај, исечкајте го магдоносот за гарнирање а можете да го срапоредите и со цели листови, за убав дизајн.
Во тава додека се загрева ставете ги маслиновото масло, месестиот дел од патлиџаните и
кромидот. Пржете ги додека не почнат да добиваат боја. Ставете зачини и ким и измешајте.
Ставете го и наутот… Тој треба да стои во вода преку ноќ и потоа да се свари еден час пред
употребата.
Следни ќе ги ставиме сечканите домати. Тие ќе му дадат сладок овошен вкус и боја на јадењето.
Верете ги сите состојки додека не се спојат и не испари дел од вишокот течност.
Извадете ги лушпите од модрите патлиџани од рерна. Секоја од нив наполнете ја со обилна
количина од смесата со наут. И потоа вратете ги во рерна на иста температура уште 20
минути.
Извадете ги од рерна и готови се за сервирање.
Едноставно, ставете една од лушпите во чинија со сечкан магдонос како гарнир. И гогови
сте за ручек!