Ало Дедо Мраз! Па ‘‘не буди педер‘‘ бе, дај малку атмосфера у народов. Нешто се пореметило задњиве години. На времето од што си бевме весели и среќни се начукуевме, а сега треба да се начукаме прво за да бидеме весели и среќни. Се е терсене. Тепаниот ебан, а ебаниот тепан.

Со оглед на тоа дека само уште ти не си излезен по ТВ дебативе како експерт, еве јас ке ти дадам ексклузивна шанса овде да кажеш став и мислење. Ама, ти си ми нешто вон употреба. Ме разочара. Ни деца више не ти веруваат. Ма, нема везе! Прај се луд!

Кога во една држава за Нова Година ноќта по популарни се Мицко и Зајко, тука ситуацијата е алармантна не помалку од онаа кога авионот губи на висина а сите патници од атеисти стануваат верници. Господ на помош! Дошло до коска.

Опозицијата бара национален спас преку поинаква консталација на власта. Кој црни национален спас! Од кого? Од самите себе си? Вели под итно да има ‘‘влада на национален спас‘‘. Што ке спасува по прво! Економија?.. Неа не може да ја спаси ни Апостол Павле. Судството? Него не може у моментов да го спаси ни Истамбулстиот Кадија!

Здравството не го спашава ни Хипократ од гроб да стане! Образованието?... Ма, ни Св. Климент е џабе да го повикуваме! Е, што да спасува таа ‘‘влада на национален спас!?!

Позицијата е одамна у филмот на импровизација на политика во услови на глобална пандемија.  Убаво седната во скутот на албанскиот политички кампус глуми оргазмична успешност која се сведува ништо помалку слично на ‘‘ПР времето на Грујо‘‘. Се е ‘‘ПР‘‘. Перманентно одржувајки ја атмосферата на ‘‘ ние нешто правиме‘‘ базирана на вересија по светските банкарски бунари.

Не викам дека им е лесно но, реалноста вели дека во актуелниот момент СДСМ во еден добар дел од народот повеќе се третира како ‘‘ помало зло и штета‘‘ отколку како партија која од Македонија како ветена земја ке направи ‘‘Вавилон‘‘. Внатрешната трулост допрва ке испливува на површина. Скопското крило не спие.

Албанците!? Очи ке си извадат како да го сменат Али Ахмети, за да бидат Али Ахмети. Познатиот култен стрип ‘‘ Калиф наместо Калифот‘‘ со познатиот лик ‘‘Изногуд‘‘ е детска приказна во споредба со рошомонијадата која се случува во албанскиот политички кампус.

Во етерот смрди како рибешка глава податокот дека откако каузалните бази за формирање политички партии отидоа во историја, се останато е гола борба за позиции кои подразбираат моќ, моќта подразбира влијание, влијанието подразбира бизнис, а бизнисот профит. Популарната формулација ‘‘бомбона бизнис‘‘ на албанската страна доживува ренесанса. Јебеш држава. Се поинако формулирано е само мижи Асан да ти бајам.

Останатите мали партии?! Крлежи! Политика ради политика. Зошто крлежи?! Па, затоа што се секогаш при тој кај што има крв за цицање. Со по еден – два пратеника за ценкање се по профитабилни од ‘‘черек‘‘ македонска индустрија. Левица?! Апасиев!?! Ма, дај! One man show! На типот не смее да му се оспори интелигенцијата, а токму поради неа и тврдам дека типот и сам знае дека е само ‘‘писмен Амди Бајрам‘‘ ( респект, зборувам за феномен а не личност). Едно е сигурно, а тоа е податокот дека знае добро да си се ценка со политичкиот газ!

Претседателот Пендаровски!?! Дур не стана прецедник беше едно, сега ‘‘глуми францус‘‘ обидувајки се да биде неутрален и реален. Побитно му е меѓународното мислење за него од мислењето на ‘‘децата‘‘ ако е веќе татко на нацијата! 

Е па, има ли некој саглам бре Агиме!? Има! Круме берберот. Поштено те шиша, поштено му плаќаш и ај еби си мајката! 

ДЕДО МРАЗ, АЈ СЕА ТИ КАЖИ ШТО ЧАРЕ ИМА И ‘‘ШТА ДА СЕ РАДИ! ( продолжува Дедо Мраз)...
... Чедо мое, жал ми е што баш за нова година морам да ти го кажам ова, ама, вие сте си стока бре! И стока ке си останете уште долго. Со своите дела покажувате и докажувате дека си ја сакате државата како што Снешко Белич сака да се сунча на некоја плажа. Зошто така мислам?! Еве зашто! Се надевам дека моите зборови ке добрат до сивата материја у вашите тикви.

Како прво, во време на апокалиптични глобални циклуси вие сте како мала земја толку малечки, што едно предградие во некоја светска метропола брои поише луѓе од вас. А!,.. ги води само еден градоначалник. Ама,.. саглам човек. Каква и да е судбината на државата и каква и да е стварноста, тоа е директен рефлекс на власта. Каде е зврчката!? Па, таа иста власт треба да има и одговорност. Обврски кон народот и државата како апарат. 

Власт која вика цело време ‘‘ а бе ја не сум крив‘‘, јебеш! Која и да е! А, кој е крив, вујна ти?!
Како второ, во мали држави како вашата, НЕ СМЕЕ да има 300 политички партии. Тоа само значи дека никој ништо не работи освен што се бави со политика. Сади ли некој жито бе!?

Како трето, во време на пандемија која сама по себе е канцер, со несериозноста, аматеризмот, партиските поделености, омразата, политичките диверзии, националромантизмот и срањата во битката за гола власт, метастазирањето која ности фатален исход е сто пати по убрзана. А, во ситуација кога држатата ваша ионака дише на апарати со кислородна подршка од светските банки, си ја продавата и душата и телото за да си го нахраните егото. Политичкото! Да ви го ебам егото, да простите, иако сум Дедо Мраз.

Јас сум само најобичен Дедо Мраз, ама и ја следам ситуации, и едно со сигурност знам, а тоа е фактот дека сте чурук народ ( Демос) кој час поскоро треба да разбере дека само во заедништвото е силата.

 ПОД ИТНО! Да си пружите сите рака и да размисите што е тоа најдобро што може да го дадете сите од себе си и партиите, да понудите знаење и мисли, а по аутоматизам да направите широка коалиција претставена од најдобрите умови што ги нудат партиите. Јебала вас влада на ‘‘ национален спас‘‘!! Вам ви е потребна ‘‘влада на национална заедничка одговорност‘‘!!!

Уште по самите избори требаше да има широка коалиција, ама, све некои ‘‘ широки шупчиња‘‘ за власт и моќ! Во време во кое само заедно,... и никако поинаку не се спасува држава!
Вивам тоа клошарите!!! Ама, ај, Среќна Нова Година,.. да не речете ‘‘ еве го педер не честита!

П.С.
И така, Дедо Мраз бутна две ж‘то стоечки, и си отиде псуејки и мајки и шајки! Јас се оградувам, тоа се негови ставови. А, да! Заборавив да го цитирам дека треба сите ние да си на негуваме и чуваме нацијата, државичката, а на бугарите да им го покажеме слободно ‘‘средниот прст‘‘ кога ќе почне да тртомудат!
Апостол Павле минувал низ Македонија, а не низ Бугарија. Така стои у библија!

Агим Јонуз