Град Скопје со желби за здравје, среќа, радост и бериќет, на првото родено бебе во Скопје му додели штедна книшка со износ од 20.000 денари.

Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете.

Првото родено бебе, поради протоколите за корона вирусот денеска на Клиниката за гинекологија го посети само министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, во текот на утринските часови во Клиниката за гинекологија се родија уште едно машко и женско бебе.

извор: Makfax