Потребни состојки:
  • 1 кг брашно
  • масло
  • 500 мл млеко
  • 3 јајца
  • 1,5 коцка квасец
  • сирење
Начин на приготвување:

За филот измешајте 200 грама сирење со 1 јајце. Додајте сол по вкус. Во малку топло млеко ставете квасец, сол и шеќер. Промешајте за брзо да се растопи квасецот. По 5 минути почнете да го подготвувате тестото. Во сад ставете брашно, направете дупка во средината, ставете ги 3-те јајца, па полека налевајте млеко и почнете со мешање. Можете да почнете со лажица, а кога ќе се соедини смесата продолжете со рака. Направете меко тесто и оставете го да порасне. Поделете го тестото на 6 делови. Од секој дел направете 8 кифлички. Филувајте ја секоја со сирење и наредете ги на подмачкана тава. Оставете ги стојат 1 и пол час. Пред печењето, на секоја кифличка ставете парче маргарин, премачкајте ги со жолчка и ставете малку сусам. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени. По неколку минути намалете ја температурата на 180 степени.