Ако барате здрав чај кој функционира против честите зимски проблеми, а истовремено го подига и имунитетот, еве еден предлог!

Чајот е здрав пијалок што треба да се консумира често, а ако сте во можност, најдобро е да го направите сами.

Билните чаеви се исто така одлични за намалување на температурата, а еден од нив го крева имунитетот бидејќи содржи и мед и лимон.

Во 750 милилитри врела вода, ставете три четвртини чаша полна со аронија и половина чаша рендан ѓумбир, а потоа оставете го да отстои десет минути, па процедете го.

Турете го пијалокот во чаша, додадете сок од лимон и засладете го со мед, и пијте го три пати на ден.

Акцент.мк