Овие посни кифлички се готови за 30 минути, а можете да ги филувате со разни џемови, кремови или едноставно да ги оставите празни.

Потребни состојки:

  • 500 г брашно
  • 20 г квасец
  • 250 мк топла вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • сусам
  • посен мајонез (за премачкување или растопете маргарин или путер)

Начин на приготвување: Веднаш вклучете ја рерната да се згрее. Во поголем сад издробете го квасецот, додадете лажичка шеќер и брашно, 250 мл топла вода, 50 мл зејтин, измешајте. Постепено додадете го брашното и солра. Сите состојки соединете ги и замесете мазно тесто. Се се прави веднаш, ни квасецот ни тестото не ги оставајте да нараснат. Од тестото развлечете круг со дебелина од 2-3 мм и исечете на 16 дела. Кифлите можете да ги правите и слатки и солени, по желба. Триаголниците свиткајте ги во кифли.  Печете на 190 степени, додека не поруменат, околу 20 минути.