Сакате нешто слатко, но да е без шеќер и брзо да се приготвува. Еве предлог - потпечени круши. Деликатес кој е здрав и не само тоа, туку и го подобрува процесот на варење на храната.

Начин на приготвување:

Измијте 5 зрели круши, но не ги лупете. Исечете ги на половина и од секоја средина извадете ги семките. Наредете ги на плех и секоја половина можете да ја посипете со ситно сечкани ореви, лешници, бадеми... Можете да додадете и по некое зрно суво грозје. Плехот ставете го во добро загреана рерна на 250°C. Десетина минути оставете ги на таа температура, а потоа намалете на 200 степени. Кога ќе почнат да се карамелизираат на врвот извадете ги од рерната. Времето на печење е околу 30-45 минути. Можете да ги сервирате со шлаг или сладолед, и послужете ги млаки.