Состојки:

2/3 маргарин, 1 пециви, 1 филџан (250 мл. млеко), 4 јајца, 4 лажици шеќер, 500 гр. брашно, мармалад или пекмез

Фил: 4 белки, 10 лажици шеќер, 1 ванила.

Подготовка:

Маргаринот се меси со 4 лажици шеќер, се додаваат и 4 жолчки, се додава пецивото, брашното и млекото. Сето се меси со рака да се изедначи. Тестото се дели на два идентични дела. Едниот дел се развлекува на претходно намрсен плех за печење. Другиот го ставате во фрижидер малку да се олади. Врз развлеченото тесто се мачка џемот а по желба и ореви (мелени или сецкани).

Фил:

Се матат белките со 10 супени лажици шеќер и ванила шеќерот, сместата да биде како шампита . Смесата се става врз џемот. Тесто од фрижидерот се рендате врз белките со што по структура и текстура делува бушаво.

Се пече на 200 околу 40 минути. Додека е топло тестото се посипува со прав шеќер.