Состојки:
• 250 мл. млака вода
• 40 г. свеж квасец
• 500 гр. брашно • 50 г. маслец или марагин
• 2 лажици шеќер
• шеќер во прав
• 2 лажици ванилин шеќер
Подготовка:
Растопете го квасецот со млака вода, една лажичка шеќер и 1 лажиче брашно, и оставете да нарасне. Во меѓувреме измешајте го шеќерот и маграринот, додадете го надојдениот квасец и пополека замесете го брашното. Оставете го тестото на топло да нарасне двојно потоа размесете го и развлечете го во кора со дебелина 1 см. со чаша или модла вадете крофни. Оставете ги половина час да нарастат, потоа пржете ги во жешко масло.
Трикот за крофните да бидат воздушести е крофната да се пржи од горната страна, односно превртете крафната и пржете ја во жешкиот зејтин.
Додека се топли посипете со пвав шеќер или кристален шеќер. По желба, со шприц филуваје ги внатре со џем или еурокрем.