Видот кај луѓето може да се зајакне со намирници кои содржат витамин А, како што е морковот, а исто така може да помогне и природниот сок од боровница.

Освен тоа, постои и уште едно решение, а тоа е алое верата. Таа може да ви помогне да го поправите видот или да спречите раст на диоптријата. Дополнително, алое верата помага и при проблеми со дигестивниот систем, а и со кожни проблеми.

Ова е еден рецепт за народна напивка што добро влијае на видот:

– 4 лимони

– 300 грама мед

– 500 грама ореви

– 100 милилитри алое вера

Лимонот исцедете го и измешајте го со останатите состојки во блендер. Чувајте го во стаклено шише во фрижидер.

Конзумирајте 3 пати дневно по една лажица. Користете го еден месец, па направете пауза од 2 недели, а потоа повторете ја постапката.