Британски адвокат неодамна ги одведе своите богати родители пред суд, обидувајќи се да ги принуди да продолжат да го поддржуваат финансиски на неопределено време.

Адвоокатот од  Лондон кој има 41 година тврди дека неговите родители свесно ја негувале неговата зависност од нив во последните 20 години, за неодамна „значително да ја намалат“ неговата финансиска поддршка, откако односот меѓу него и неговите родители се влоши.

Така, неименуваниот адвокат бара од судот да донесе одлука неговите родители да продолжат да го поддржуваат, додека неговите адвокати цитирале закони поврзани со бракот и децата за време на семејното судско рочиште.

Интересно е дека 41-годишниот невработен адвокат моментално живее без кирија во стан во центарот на Лондон, сопственост на неговите родители. Исто така, му ги платиле сите сметки за комунални услуги, но очигледно тоа не е доволно добро за него!

Неговите родители го поддржувале финансиски со текот на годините и, до одреден степен, сè уште го прават тоа, рече судијата Џејмс Мунби во судската пресуда. „Тие му дозволија да живее во стан во центарот на Лондон, на кој тие се регистрирани сопственици и во врска со кој до неодамна плаќале сметки за комунални услуги.

Родителите на адвокатот, кои моментално живеат во Дубаи, побарале од судот да го отфрли случајот на нивниот син, и додадоа дека неговите идни апликации треба да бидат решени по кратка постапка.