Skip to main content
x

30 Nov 2020 - 20:35
sportmedia
Статија

Репрезентацијата на Италија попладнево со 70:66 ја победи Русија во меч од нашата група Б, во Талин. Ова беше втор меч во квалифиациите меѓу овие две селекции и втора победа за „аѕурите“. Иако како домаќин Италија обесзбеди место на ЕВРО 2022 година, сепак таа и натаму реди победи во квалификациите. Русија ја победи Естонија, но загуби од Италија.

Инаку избраниците на селекторот Сакети одиграа добар меч, иако со подмладен состав, сепак и такви ја покажаа сета своја сила и квалитет. Најдобар поединец беше Амадео Тезитори, кој забележа 27 поени. Џампаоло Ричи постигна 12 поени, а Марко Спису 11.

Италија по трите кола има три победи, додека Русија на четири одиграни меча има две победи и два порази.

Познато е дека нашата репрезентација поради проблеми со Ковид-19, не оидгра ниту еден натпревар во Талин.

sportmedia.mk