Унгарија може по итна процедура да дозволи увоз на руски вакцини против ковид-19, но само за своите граѓани и со полна одговорност, се наведува во Европската комисија.

По повод најавата дека Унгарија ќе дозволи увоз и употреба на руска вакцина против корона вирус, во ЕК велат дека хитно одобрување на национално ниво е еден од можните начини за увоз на таа вакцина.

“Потребна дозвола за територијата ЕУ издава Европската агенција за лекови, но постои процедура која се спроведува во итни случаи која земја членка може да користи набавка на вакцина“, вели потпарол на Комисијата Стефан де Керсмекер, пренесува Танјуг.

Во Комисијата напоменуваат дека во конкретниот случај унгарските власти ќе мора да “донесат одлука и преземат одговорност за она што ќе следи“.

“Со донесување на одлука од страна на унгарските надлежни власти, вакцината може да се користи само во Унгарија, но не и подалеку во ЕУ“, вели Керсмајкер.

Во ЕК напоменува дека “немаат податоци“ за руската вакцина и дека произведувачот неодамна “ги направил првите чекори“ со Европската агенција за лекови.

Се додава дека во Брисел залагаат за авторизација на вакцината која доаѓа преку Европската агенција за лекови и дека таа “темелно ќе ја испита ефикасноста и безбедноста“ на вакцинара пред да излезе на пазарот на ЕУ.