Еден човек за малку ќе загинеше во Харков, Украина, откако се обиде во лифт да запали чаша со алкохол.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како влегува во лифтот, а потоа ја пали пластичната чаша  која најверојатно содржи алкохол.

Во следниот момент почнува да гори, а тој панично ја фрла на подот и се обидува да го изгасне пламенот, кој брзо се шири. За да бидат работите уште подраматични, неговата јакна веднаш се запали, па во паника и од испарувањето предизвикано од топење на пластични и материјали од зимска јакна, тој започна да се гуши и да ја губи свеста.

За негова среќа лифтот потоа стигна до посакуваниот кат и вратата се отвори, а чистиот воздух го „отрезни“.

Кој знае што ќе се случеше ако да останеше внатре само две секунди подолго.