Skip to main content
x

30 Nov 2020 - 18:25
sportmedia
Статија

Познатиот италијански весник „Кориере дела Сера“ денеска излегува ос информација дека Кристијан Роналдо во последно време воопшто не се однесувал во склад на клубската политика на Јувентус. Имено весникот ја шокираше јавноста дека Португалецот сам бирал на кои ќе натпревари ќе играл, а на кои ќе одмарал, и на тоа тренерот Андреа Пирло едноставно бил немоќен. Роналдо рекол дека ќе игра против Динамо Киев во ЛШ, меч кој и не беше толку важен. Но затоа против Беневенто се решил да не игра, иако овој меч и тоа како беше важен за Јуве, а на него освоен е само бод.

Инаку весникот открива дека играчите не биле задоволни од начинот на работа на тренерот Пирло, дека некои буквално не знаеле шо треба да прават на теренот. Дека само тој бил виновникот за тоа што му „попуштал“ на Роналдо. Кога сме кај Португалецот, Јуве сезонава четири меча одиграл без Роналдо и само на еден успеал да победи.

sportmedia.mk