Вирусот корона се прошири и во затворите во земјата, но министерот за правда вели дека ситуацијата е под контрола и се преземаат неопходните мерки. Само во затворот Идризово има осум затвореници кои се позитивни на КОВИД 19, додека 60 други се во изолација поради контакт со заразени лица. Министерот Бојан Маричиќ вели дека за да се спречи ширењето на инфекциите, затворениците од Идризово ќе бидат испратени во други затвори, додека во посериозни случаи им е суспендирана казната и тие се лекуваат во здравствените установи во земјата.

„Некои од тие затвореници, со цел да обезбедат соодветна изолација, ќе бидат префрлени во други затвори, со цел да се обезбеди соодветно лекување. Инаку, сите оние кои покажуваат посериозни симптоми и имаат потреба од лекување во болниците, веднаш им беше прекината казната и беа испратени во болница. „Мислам дека ситуацијата е под контрола, рече министерот за Правда Бојан Маричиќ.

Маричиќ ги даде овие коментари од Штип, каде учествуваше на инаугурацијата на библиотеката во затворот во овој град. Дури и во оваа институција, двајца вработени беа погодени од вирусот корона, но министерот рече дека истиот нема контакт со затворениците и вирусот не се шири понатаму.