Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисија за финансирање и буџет зборуваше за амандманот кој е на предлог на граѓанскиот сектор и иницијатива на О2 и се однесува на животна средина. Според него кога и да се има дебата за животната средина се зборува за зелена европска агенда, а во пракса имаме балканско сивило.

-Кога и да имаме дебата за нашата животна средина зборуваме за зелена европска агенда а во пракса имаме балканско сивило. Тоа не е од вчера, тоа е нешто кое трае подолг период. Ова е прв амандман за кој имаме подетална дискусија и е прв амандман кој е на предлог на граѓанскиот сектор на О2 Иницијатива, рече Муцунски во своето обраќање.

Муцунски во своето обраќање посочи дека моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ветува дека животната средина навистина ќе биде прв приоритет за разлика од оваа сегашна влада.

-Мислам дека прва обврска која ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ која треба да ја превземеме е во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада на Македонија да бидеме доследни на тоа кое денес го зборуваме во комисијата односно на претставниците на О2 иницијатива и на граѓаните да им ветиме дека тие принципи за кои сега се бориме односно ставањето на животната средина навистина ќе биде прв приоритет за разлика од оваа сегашна влада. Иницијатива О2 даде многу предлози и јас се надевам дека сите ќе бидат прифатени, но мојот оптимизам е нереален и моите очекувања прагматични се дека сите најверојатно ќе бидат одбиени. Мислам дека прв момент кој треба да го сфатиме тука е дека имаме министерство за животна средина кое е нефункционално и да бидеме брутално искрени веројатно неспособни, да превземе конкретни мерки насочени кон решавањето на проблемите во животната средина. Имаме министер кој многу често бега од јавноста не навлегувам во тоа кој јазици ги познава или не ги познава, тоа е прашање на дневна политика, но јас во последните 4 години не сум видел значително подобрување на состојбите во животната средина. Сите граѓани дишат неквалитетен воздух и ништо не се превзема за тоа и овој буџет не ништо подобар од претходните буџети. Ќе дојде буџетот за 2022 година повторно ќе имаме иста дебата, повторно истите констатации што се превземале, ништо. И ќе дојде 2023 година и ве молам ова да си го превземеме како сериозна задача, рече Муцунски.

Тој на крајот запраша како на граѓаните ќе им се гарантира здравје кога не може да има здравје ако нема чиста животна средина.

Се сеќавате тука стоеше министерот за финансии и првиот збор за овој буџет беше здравјето. Како здравје без здрава животна средина?, додаде Муцунски.