Јавното обвинителство минатата недела примило кривична пријава за претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска која во моментов се анализира.

Кривичната пријава ја поднесол поранешен разузнавач и засега е во предистражна постапка, дознава „Експерс“

Според наводите, без да се откриваат детали, во Кривичната пријава Ивановска се товари дека криела факти за очигледни случаи на корупција на високи државни функционери во секторот безбедност и разузнавање, свесно кршела законски рокови, лажела за преземените дејствија по претставки за корупција и го манипулирала законот со предлагање на решенија кои не се во нејзиниот домен на работа.