Состојки:

100 мл. млеко, 100 гр. малслец, 100 гр. млечно чоколадо 250-280 гр. мелени кекси, 80 гр. шлаг, 80 мл. ладна вода 2 лажици еурокрем.

Подготовка:

Млекото, маслецот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Се трга од рингла, постепено се додадват кексите. Состојките се мешаат додека не се соединат.

Оваа смеса истурете ја во подмачкана тепсија или обложете ја со проѕирна фолија. Тепсијата да биде со димензии 21х15 см. Рамномерно распоредете ја смесата а горниот дел на колачот добро да биде израмнет.

Одозгора ставете изматен шлаг со 2 лажици еурокрем (колачот може да се прелие со топла чоколадна глазура)

Колачот ставете го на ладно или во фрижидер да се стегне, потоа исечете го на правоаголни штангли

Овој колач можете да го направете и во посна варијанта, наместо млеко да користете вода, како и прелив со чоколадна глазура од чоколадо за готвење без млеко.