Откако ќе го одмрзнете месото, дали може повторно да се замрзне? Одговорот е можеби покомплициран отколку што ќе замислете.

Но откако ќе го одмрзнете, а потоа го вратете во замрзнувач, може да влијае на вкусот и квалитетот на производот.

Кога еденаш месото е замрзнато тоа ја губи влагата. Кога и да оставете смрзнато пакување месо да се одмрзне пред готвање, вероватно сте виделе на дното течност која е насобрана. Кога ќе го вратете повторно во замрзнувач, тоа повторно губи влага, така што двојното замрзнување на пилешки гради сигурно нема да бидат сочни како претходно.

Меѓутоа, ако се случи да ви остане вишок одмрзнато месо и сакете повторно да го замрзнете, тоа би можеле да го направите ако сте го одмрзнале во фрижидер или на било кој друг простор, кој одржува температура најмалку од 5 степени. Но ако месото сте го одмрзнале на пулт или микробранова не го замрзнувајте повторно. Ако почуствувате незгоден мирис или поразлична боја не го користете.

Исто така кога вашето место е замрзнато имајте на ум дека неможе да остане во замрзнувач долго. Шницли, котлети, стекови држете ги околу една година во замрзнувач, но мелено месо, или зготвено па смрзнато месо три до четири месеци.