Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември во 60-та година од животот. Починал во сон, а веста дека неговото срце престана да чука го расплака светот. Марадона живееше со полни гради, беше човек од народот, кој на врвот на славата се одаде на пороците, кои сигурно влијаеле и на неговото здравје. 

Диего целата кариера го следеа приказни поврзани со кокаинот, а и самиот имаше признаено дека бил зависник и дека би бил многу подобар играч да не била дрогата.

Дури по неговата смрт се откри дека во лекувањето му помогнал славниот музичар Ерик Клептон, а таа информација не смеела да биде откриена додека бил жив. 

Марадона на врвот од славата, по освојувањето на СП во Мексико во 1986 година само еден месец подоцна имал проблеми, а доказ е видеото после победата на Ол стар мечот на Америка против остатокот од светот, одржан на 27 јули 1986 година.   

Марадона во пенал серијата дал решавачки гол за победа, а после тоа му пришол човек со кесичка во раката, кој од неа дел од соржината ставил на раката, по што Марадона се приближил со носот. Многумина коментираат дека Марадона после голот шмркал кокаин. Проценете и сами од видеото во прилог: