Главниот и одговорен уредник на српскиот весникот „Информер“, Драган Вучичевиќ, кој важи за близок на српскиот претседател Александар Вучиќ и на неговата Српска напредна  странка, испрати директна порака до Зоран Заев.

Во пораката, Вучичевиќ искажува лутина и гнев што Заев во интервјуто за БГНЕС ги прикажал Србите како окупатори, а Бугарите како ослободители.

Каков бедник е овој Зоран Заев, неверојатно е! Бугарите ве ослободија, а ние Србите ве поробивме, Бугарите антифашисти, а ние Србите фашисти?! Човеку, дали си нормален?! – прашува Вучичевиќ.

За ваквата остра порака на Вучичевиќ до Заев, многумина во Белград коментираат декка не можело да се случи без да знае и да даде одобрување српскиот државен врв.