Поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев Лилјана Поповска од партијата ДОМ преку статус на Фејсбук пишува дека денешните изјави на Заев се национално и ментално самоубиство.

-Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова!!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме,...

Posted by Liljana Popovska on Wednesday, November 25, 2020